Вовед
Фондот за здравствено осигурување на Македонија е основан со Законот за здравствено осигурување ("Сл.весник на РМ" бр.25/2000, 34/2000 и 96/2000) заради спроведување на задолжително здравствено осигурување, како институција која врши дејност од јавен интерес и јавни овластувања утврдени со Законот.
Со Законот за здравствено осигурување се уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како и начинот на спроведување на здравственото осигурување.
Врз основа на овластувањата дадени во Законот и делокругот на работа, со Фондот управува Управен одбор, а со работата на Фондот раководи Директорот на Фондот.
Работите и работните задачи Фондот ги изврши согласно Програмата и Планот за работа на Фондот, усвоена на почетокот на годината. Планските активности се спроведуваат согласно реформските процеси во здравствениот сектор, со подршка на Светската банка и се одвиваа во следните насоки:
Реформи во примарната здравствена заштита Реформи во специјалистичко - консултативна здравствена заштита Реформи во болничката здравствена заштита Воведување на информациона технологија во здравството Континуирани тековни активности спрема планот и програмата за работа на Фондот за тековната година Фондот врши дејност од јавен интерес и врши јавни овластувања утврдени со овој закон. Фондот има својство на правно лице. Фондот е самостоен во својата работа. Седиштето на Фондот е во Скопје. Фондот има статут. Фондот има единствена жиро - сметка.
Статуарна одлука за изменување и дополнување на статутот на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија .. повеќе
|